- Опис: Сина Светулка е непрофитна организација од РС Македонија основана во 2017 година врз основа на 15 годишно искуство во областа на аутизмот на основачите. Работиме на: - Подобрување на квалитетот на животот на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот и нивните семејства преку откривање и максимизирање на нивниот потенцијал;
- Третман на деца и лица со нарушувања од спектарот на аутизам и нивните семејства;
- Образование на семејствата и професионалците за методи на работа со деца и лица со нарушувања од спектарот на аутизмот и нивните семејства;
- Промоција на правата и промоција на нови идеи за подобрување на квалитетот на живот;
- Обезбедување на услуги за деца и лица со нарушувања од спектарот на аутизмот;
- Поттикнување на научна и професионална работа во оваа област и
- Активности во насока на инклузија на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот.
Покрај искуството со повеќе од 10 Еразмус + проекти, работиме и на проекти кои се финансирани од Владата и Град Скопје. Преку овие локални проекти овозможуваме одржливост на нашиот Центар за третман на деца со аутизам и поддршка на семејствата.
Нашата визија е да ги видиме луѓето со аутизам вклучени во сите сфери на општеството.